„Ало докторе“: За време на викендот вкупно 391 јавување
27.10.2014 09:56
Во најголем број од јавувањата граѓаните барале здравствени совети во врска со стомачни тегоби, високи телесни температури, покачен крвен притисок и респираторни симптоми...

Во двата дена од викендот имало вкупно 391 јавување на линијата 15123„Ало докторе“.
Во најголем број од јавувањата граѓаните барале здравствени совети во врска со стомачни тегоби, високи телесни температури, покачен крвен притисок и респираторни симптоми.
Денеска ќе биде дежурна проф. д-р Надица Митревска од универзитетската Клиника за радиологија, а утре д-р Соња Тасевска-Васиќ, директорка на Здравствен дом Железничар.
