Бизнис секторот вклучен во едукацијата на средношколците
Покрај теоретското знаење за идните носители на економскиот развој значајно е и практичното работење. Виртуелните компании се местото каде отпочнува процесот на реално работење, а дирекните средби со менаџерите се потик за нови идеи и иновации...

Претприемништвото е предизвик за учениците од економско училиште „Јовче Тесничков“. Тие покрај работата во виртуелните компании еднаш месечно имаат дирекни средби со преставници на бизнис секторот. Приближување на средношколецот до пазарот на трудот е само една од целите.
„Овие часови и едукативни настани за нас се значајни бидејки придонесуваат преку забава и игра нашето знаење да го примениме во практиката“, рече Моника Пејчева, ученичка.
Еден ученички час носи многу идеи и иновации кои се лесно применливи во реалниот бизнис, но ова е можност ученикот да се приближи до практичната работа.
„Новите идеи се предизвик и носечка сила во економијата, бизнис секторот кај нас ќе биде подгорвен да одговори на овој предизвик кога станува збор за учениците“, рече Анета Андова Сарагинова, бизнис сектор.
Во бизнисот најголем капитал е идејата која преточена во добар план продуцира успешна комапмнија. Затоа покрај квалитетната теоретска едукација, училиштето прави напори за постојани дирекни средби на ученици и менаџери.
„На овој начин се разменуваат професионални искуства кои на учениците им овозможуваат понатаму во кариерата самостојно да работат или во тим, а исто така им помага и во понатамошното знаење“, рече Нада Јованова, директор на ОСУ „Јовче Тесличков“.
Велешкото средно економско училиште е едно од најстарите училишта во Македонија. Во него се школуваат средношколци од Вардарскиот плански регион.
Економското училиште од Велес соработува со 40 компании, во нив учениците од завршните години имаат можност 21 ден да поминат на пракса или она што го научиле како теоретско заење да применат во реалниот бизнис.
Дијана Иванова
