Тим на ММФ од денеска во посета на Македонија
27.10.2014 10:20
Претставниците на ММФ ќе имаат разговори со надлежните во поглед на процесот на Пост-програм мониторинг на македонската економија...

Тим на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предводен од Ивана Владкова Холар од денеска до 5-ти ноември ќе престојува во Скопје.
Претставниците на ММФ ќе имаат разговори со надлежните во поглед на процесот на Пост-програм мониторинг (ППМ) на македонската економија, со цел изготвување на извештај што ќе биде поднесен до Бордот на директори на ММФ.
Процесот на Пост-програм мониторинг е наменет за земји членки коишто имаат значителна преостаната обврска кон Фондот по истекот на нивните аранжмани.
