Про-западните партии со убделива победа на парламентарните избори во Украина

27.10.2014 10:29

Претседателот Петро Порошенко најави дека од денеска ќе почне разговори за формирање коалиција. Конечните резултати се очекуваат за десет дена...

Според прелиминарните резултати со 22,63 насто од преброените гласови, проевропските партии кои претендираат прекин на судирите со руските сепаратисти и демократски реформи во земјата се во водство на вчерашните избори во Украина.

Претседателот Петро Порошенко најави дека од денеска ќе почне разговори за формирање коалиција. Конечните резултати се очекуваат за десет дена.

Овие резултати се очекувани. Тие на актуелните прозападни политичари од власта им даваат силен мандат да ја доближат Украина до ЕУ и САД, да спроведат продемократски реформи и да ги реализираат планот на Порошенко за прекин на конфликтот со проруските сепаратисти во југоисточниот дел од земјата.

Со освоени приближно осум проценти од гласовите, главната проруска формација во земјата - Опозицискиот блок, исто така, го мина утврдениот петпроцентен цензус за влез во Врховната рада, покажаа резултатите од анкетата, спроведена по гласањето.