Боко Харам киднапира 30 деца во Нигерија
27.10.2014 10:35
Жените и девојчињата кои се киднапирани се психички и физички малтретирани, соопшти денеска организацијата Хјуман Рајтс Воч...

Ново киднапирање во Нигерија. Речиси 30 деца исчезнале од селото Мафа во текот на викендот. Децата биле на возраст од 11 и 13 години.
Владата се сомнева дека зад киднапирањето стои радикалната организација Боко Харам.
Жените и девојчињата кои се киднапирани се психички и физички малтретирани, соопшти денеска организацијата Хјуман Рајтс Воч.
Претставниците на власта неуспешно се обидуваат да ослободат 200 девојчиња кои беа киднапирани во април годинава.
