Шест нови инвестиции во општина Илинден
На последното електронско јавно наддавање за октомври, за отуѓување на градежно земјиште во локалните економски зони во општина Илинден, компаниите „Ман импортер“ и „Атлантик трејд“, од Хрватска и домашните „Мобико“, „Кам фуд“ и „Тотал логистик“ се стекнаа со градежни парцели на кои ќе ги изградат своите стопански објекти...

Шест нови инвестиции од кои две странски ќе влезат во општина Илинден. Вредноста на вложувањата надминува 10 милиони евра, а ќе бидат реализирани 500 вработувања.
На последното електронско јавно наддавање за октомври, за отуѓување на градежно земјиште во локалните економски зони во општина Илинден, компаниите „Ман импортер“ и „Атлантик трејд“, од Хрватска и домашните „Мобико“, „Кам фуд“ и „Тотал логистик“ се стекнаа со градежни парцели на кои ќе ги изградат своите стопански објекти.
„Атлантик трејд“ ќе гради дистрибутивно логистички центар вреден повеќе од 2 милиона евра, и ќе креира 100 нови работни места.
„Ман импортер“ ќе вложи во продажно сервисен центар вреден 2 милиона евра во кој ќе бидат вработени 100 лица.
Домашната компанија „Тотал логистик“ купи две градежни парцели. На едната ќе изгради фабрика за производство на кондиторски производи, а на другата логистичко дистрибутивен центар. Вкупната инвестиција изнесува 3.000.000 евра, а ќе бидат отворени 150 работни места.
Логистичко дистрибутивен центар и дирекција ќе гради и компанијата „Кам фуд“, ќе вложи 2 милиона евра и ќе креира 150 работни места.
Фирмата „Мобико“ која што се занимава со услуги во делот на информатичката технологија , во својот нов објект ќе вработи 10 лица и ќе вложи милион евра.
Свето Николовски
