Службите за семејно планирање зајакнати со 20 нови едуцирани обучувачи
Министерството за здравство во соработка со Фондот за население на Обединетите Нации (УНФПА) ги зајакнува капацитетите за семејно планирање на здравствените работници од примарната здравствена заштита...

Во периодот од 24-26 октомври реномирани странски експерти од Источно европскиот институт за репродуктивно здравје, со поддршка од Фондот за население на Обединетите Нации (УНФПА), а во соработка со Министерството за здравство, Медицинскиот Факултет, Здружението на гинеколози и обстетричари на Македонија, ХЕРА, како и други релевантни институции, одржаа обука за 20 обучувачи од целата земја во областа на семејното планирање.
Оваа активност е една од низата во областа на семејното планирање, како дел од Акцискиот план за намалување на матерналната, перинаталната и доенечката смртност за 2013-2014 на Владата на Република Македонија. Таа е насочена кон зајакнување на капацитетите на лекарите од примарната здравствена заштита - семејните лекари и патронажните служби, со цел подобрување на репродуктивното здравје.
Соња Стојановска
