„Мал дисконтинуитет“ повторно со награда во Србија

27.10.2014 12:28

Само 10 дена по наградата во Белград, „Мал Дисконтинуитет во Времепросторот“ на Гоце Цветановски повторно доби награда за најдобар регионален краток филм на 12-тиот фестивал Филмски Фронт во Нови Сад.

Приказната за фотографот кој има невидлив посетител во станот ја воодушеви српската публика и жирито, а глумечкиот тандем Висар Вишка-Драгана Левенска беше спореден со легендарните Марчело Мастројани и Софија Лорен.

Филмот викендов учествуваше и на Меѓународниот Филмски Фестивал во Хоф, Германија, а во ноември ќе биде прикажан во Тирана и во Њујорк.