Промоција на македонските вина во Амстердам
Во рамките на промоцијата организирана е и професионалана дегустација, Мастерклас за Вранец, каде се презентираат потенцијалите на оваа сорта и се врши дегустација на различни вина од оваа сорта...

По само две недели од завршувањето на промотивните настани во Њујорк и Њу Џерси, македонските винарии денес ги промовираат своите производи на Холандскиот пазар.
Осум македонски винарии (Тиквеш, Сковин, Стоби, Езимит, Далвина, Камник, Попов и Попова Кула) организирани преку Здружението „Вина од Македонија“, во Амстердам заеднички се промовираат пред холандската професионална публика - увозници, дистибутери, преставници на ХоРеКА сегментот, вински критичари, новинари и сомелиери.
Во рамките на промоцијата организирана е и професионалана дегустација, Мастерклас за Вранец, каде се презентираат потенцијалите на оваа сорта и се врши дегустација на различни вина од оваа сорта.
Холандија е оценет како еден од пазарите со најголем потенцијал за македонското вино и поради тоа на овој пазар Здруженеито „Вина од Макеодонија“ и винариите посветуваат огромно значење и веќе 5 години наназад се организраат промотивни активности.
Организацијата и повторување на ваков тип на промоции е од особено значење за градење на препознатливност на македонските вина на овој пазар, а со тоа обезбедување на влез и поголем удел на пазарот.
Настанот е поддржан од страна на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, согласно програмата за поддршка на извозот на македонски производи и Холандската Агенција за поддршка на извозот на земјите во развој ЦБИ.
Огромна помош и поддршка во организацијата на настапот на македонските винарии пружи Амбасадата на Република Македонија во Хаг и Екомоскиот промотор на РМ во Холандија, со чија помош се организираа и поединечни Б2Б средби со најголемите компании увозници на вино во Холандија.
