По „Гром“, и „Гром два“ ја тресе Србија
По Гром и гром два во Србија за разбивање на дилери и нарко групи. Акцијата почнала рано изутрината во повеќе градови, по барање на Бирото за координација на работата на службите за безбедност. Досега на над илјада локации бил извршен претрес. Во акцијата „Гром“ која беше реализирана на почетокот на месецов беа запленети 20 килограми дрога, а 124-мина беа приведени. Апсења има и во Хрватска. Хрватското обвинителство поднесе обвинение против 364 лица и против фармацевтската компанија „Фармал“ поради здружување , поткуп и злоупотреба на службена положба.

По Гром и гром два во Србија за разбивање на дилери и нарко групи. Акцијата почнала рано изутрината во повеќе градови, по барање на Бирото за координација на работата на службите за безбедност. Досега на над илјада локации бил извршен претрес. Во акцијата „Гром“ која беше реализирана на почетокот на месецов беа запленети 20 килограми дрога, а 124-мина беа приведени. Апсења има и во Хрватска. Хрватското обвинителство поднесе обвинение против 364 лица и против фармацевтската компанија „Фармал“ поради здружување , поткуп и злоупотреба на службена положба. Меѓу обвинетите 300 се лекари и фармацевти.
Индија
Во железничка несреќа на југот на Индија загинаа најмалку 26 луѓе поради пожар кој избувнал во воз. Меѓу загинатите има и две деца. Портпаролот на индиската железница изјави дека во возот имало 67 патници, а поголемиот дел од жртвите починале поради задушување од чад. Сеуште не е познато што го предизвикало пожарот.
Тајланд
Ескалира состојбата во Тајланд. Едно лице загина, а четворица се повредени во судирите меѓу демонстрантите и полицијата во близина на владата на Бангкок. Лидерот на демонстрантите соопшти дека за време на новогодишните празници протестите кои траат неколку недели ќе бидат ставени во мирување.Изборната комисија предложи одложување на изборите, но премиерката Шинаватра го одби предлогот и истакна дека гласачите треба да одлучат кој ќе ја води земјата.
Антарктик
Кинескиот мразокршач „Снежен змај“, ја прекина акцијата за спасување на на рускиот брод „Академик Шокалскиј“, кој неколку дена е заробен во мразот на Антарктикот. На бродот има 74 научници, патници како и членови на екипажот.
Кина
Кинеските власти ги укинуваат работните кампови, кои досега беа дел од системот за отслужување казни. Одлуката е резултат на напорите за заштита на човековите права. Според официјални податоци во Кина има 351 ваков камп. Кон крајот на 2012 година во нив биле распоредени 50 илјади лица. Во Кина ќе се укине и политиката на едно дете во семејството, што предизвика реакции во јавноста и кај населението.
