Електронскиот систем на УЈП се модернизира и интегрира

27.10.2014 13:26

Со имплементација на системот само во првата година се очекува раст на приходите од еден до три проценти, имајќи ги предвид искуствата на другите земји кои имаат направено ваков чекор...

Зголемениот обем на работа на УЈП – причина, со пари од Европската унија, електронскиот систем на Управата целосно да се модернизира и интегира.

Во иднина, сите правни и физички лица ќе имаат еден даночен број. Во рок од две години, треба да се реализира целиот проект, а преку него се очекува зголемување на приходите и целосен поврат на инвестицијата.

Со имплементација на системот само во првата година се очекува раст на приходите од еден до три проценти, имајќи ги предвид искуствата на другите земји кои имаат направено ваков чекор. Како системот станува прифатен од страна на даночната администрација, така и од даночните обрзници, се појавува тренд на зголемување на даночните приходите секоја година што говори само дека ваков чекор во Република Македонија е час поскоро потребен, изјави директорот на Управата за јавни приходи, Горан Трајковски, на завршната презентација на проектот „Изработка на студија за ИТ системот на УЈП“.

И лидерот на експертската група Анѓа Коншо смета дека на Управата за јавни приходи и треба современ систем како во европските земји.

Системот што го користи УЈП е далеку од модерните европски системи. Македонија треба да ги следи најдобрите искуства во ЕУ и да воведе во својот систем професионални стандарди како во ЕУ, изјави Коншо. Посочи дека неговата имплементација ќе донесе 100 милиони евра за 10 години.

Новиот систем што ќе го користи Управата за јавни приходи, според Благица Митровска од ИТ секторот во Управата, ќе значи подобрување на бизнис климата, навремено добивање информации и ќе овозможи бенефит за даночните обврзници, вработените и сите корисници на системот на УЈП.