Јужноафриканскиот спорт под стегите на оружениот криминал

Убиен голманот на Јужна Африка Сензо Мејива

27.10.2014 13:34

Капитенот на фудбалската репрезентација на Јужна Африка, капитенот Сензо Мејива, бил убиен синоќа во оружен напад во домот на неговата девојка.

27-годишниот чувар на мрежата на Орландо Пајратс, којшто настапи на последните четири натпревари на националниот тим во квалификациите за Африканскиот Куп на нациите, се обидувал да ја одбрани Кели Кумало, популарна пејачка и „селебрити“ во ЈАР. Група провалници влегле во нејзината куќа и сакале да ја ограбат.

Цела нација денеска изразува жалење за смртта на фудбалскиот репрезентативец во периодот кога во Јужна Африка расте оружениот криминал. Државата се уште се созема од маратонското судење на атлетичарот Оскар Писторуис, којшто пред неколку дена беше осуден на пет години затвор поради убиство на неговата девојка.

Смртта на голманот Сензо Мејива е втора загуба за јужноафриканската спортска заедница во период од само три дена. Во петокот во сообраќајна несреќа загина поранешниот светски атлетски шампион во трките на 800 метри, Мбулаени Мулаудзи.