Десетти повик: Развој на бизнисот со помош на средствата од ИПАРД

27.10.2014 14:21

Досега имаше 9 јавни повици, а поднесени се илјада барања...

Земјоделците и занаетчиите со средства од ИПАРД програмата, ќе добијат можност да го развиваат бизнисот. Ќе има поврат на средствата што ќе ги вложат до 60 проценти.  Се очекува да се зголеми економската активност, да се отворат работни места и да се подобри квалитетот на животот во руралните области.

Досега имаше 9 јавни повици, а поднесени се илјада барања. За 180 веќе се исплатени средства во висина од 3,5 милиони евра. За 355 барања се склучени договори, а околу 300 барања се во административна процедура.

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство оценуваат дека степенот на искористеност е се уште мал, но оти од година во година се зголемува интересот за искористување на средствата од програмата и се подобрува квалитетот на доставените апликации.