Санкции за фирмите кои нема да набават ГПРС фискални уреди
Доколку не се набават новите уреди предвидени се санкции, како за непоседување на фискална каса...

Управата за јавни приходи очекува до крајот на јануари сите продажни места да бидат покриени со ГПРС фискални уреди. Оние со промет над 10 милиони денари, бензиските пумпи и угостителите објекти вакви уреди треба да имаат најдоцна до 31-ви овој месец, а сите други до 31 јануари 2015 година. Доколку не се набават новите уреди предвидени се санкции, како за непоседување на фискална каса.
„Нашите информации од терен говорат дека сите компании се веќе во фаза на преговори со овластените продавачи на каси и поголеми системи и веќе од следната недела, односно од 1 ноември продолжуваме со останатата категорија даночни обврзници“, вели директорот на УЈП, Горан Трајковски.
Проценките се дека до крајот на месецов, 8.900 даночни обврзници треба да се фикализираат со нови уреди.
Според последните податоци на УЈП, 3.348 даночни обврзници успешно ја имаат заокружено регистрацијата на 7.033 фискални системи на опрема со GPRS уред.
