Демонстрант го нападна Дејвид Камерон

27.10.2014 15:07

Британскиот премиер Дејвид Камерон беше нападнат од демонстрант во Лидс, јави телевизијата Ајтиви.

Инцидентот се случи по напуштањето на општинската зграда, кога во премиерот се втрча демонстрант кој го турна. Обезбедувањето го онеспособилонапаѓачот, а Камерон е префрлен во најблиското возило. Демонстрантот е дел од група која е против воведувањето брзи возови во северниот дел на Британија. Камерон беше во западен Јоркшир за да ги објави понудите за супербрзите железнички линии.