„Алиталија“ отпушта речиси 1.000 работници
27.10.2014 15:17
Најголемата италијанска авиокомпанија „Алиталија“ планира да отпушти 994 работници. Најмногу прекубројни, 879 членови се административци, но ќе заминат и 61 пилот и 54 стјуардеси.
Документот е потпишан од четири работнички синдикати кои ги бранат правата на работниците во транспортот.
Намалувањето на бројот на вработените беше еден од главните услови во договорот кој го потпишаа „Алиталија“ и „Етихад“, за купување удел од 49 процент на италијанскиот авио- превозник.