Квалификации за ЕП 2016

Победата против Швајцарија е задолжителна!

27.10.2014 16:09

Светското првенство се наближува, македонската ракометна репрезентација има големи амбиции во Катар, но во моментов сепак приоритет се квалификациите за Европскиот шампионат. Исполнувањето на задачата, пласман на третото по ред првенство на стариот континент, нема да биде едноставно. Во конкуренција со шампионот Франција, со Чешка, без разлика што на стартот ќе биде ослабена, како и со Швајцарија, нашата репрезентација има реални шанси за некоја од двете најдобри позиции во групата 6 и за четврто учество на Европските првенства.

Светското првенство се наближува, македонската ракометна репрезентација има големи амбиции во Катар, но во моментов сепак приоритет се квалификациите за Европскиот шампионат. Исполнувањето на задачата, пласман на третото по ред првенство на стариот континент, нема да биде едноставно. Во конкуренција со шампионот Франција, со Чешка, без разлика што на стартот ќе биде ослабена, како и со Швајцарија, нашата репрезентација има реални шанси за некоја од двете најдобри позиции во групата 6 и за четврто учество на Европските првенства. Во комплетен состав, Македонија денеска ги почна мини подготовките за двата меча оваа година. Киксевите на домашен терен не се дозволиви, па македонските ракометари се пред императив на победа во дуелот в среда дома против Швајцарија, како добра база за  гостувањето на 2 ноември кај Чешка.

Минаа времињата кога Македонија губеше од Швајцарија, како во двата меча пред 10 години за пласман на Европското првенство. Во минатиот циклус, нашата репрезентација преку Швајцарија обезбеди влез на мундијалот во Шпанија и тоа со триумфите во Цирих од пет разлика и во Скопје со +6. Во меѓусебната традиција влегува и ремито на пријателски дуел во 2009-та.

Сезони наназад Швајцарија играа и претквалификации, сега ја мина Естонија, додека во претходните елиминации освои само бод, но токму оној што и овозможи на Македонија да биде во предност пред Португалија.

Преносот од натпреварот Македонија – Швајцарија ќе биде в среда на МРТ1 во 17 часот и 45 минути.