Невремето во Бугарија предизвика хаос низ целата земја
Снегот предивика хаос во централниот дел на Бугарија. Во неколку области е прогласена вонредна состојба. Снежната покривка создад метеж во сообраќајот, неколку села немаат комуникација. Околу 30.000 илјади луѓе во 297 села се без струја. На повисоките делови има одрони, локалните власти издадоа забрана за движење. Најкритично е во Грабово, Севилево и Трново каде невремето предизвика хаварија. Во Габрово учениците не посетуваат настава. Во прекин се и неколку железнички линии.

„Се надеваме дека со прекинот на паѓањето на снегот, состојбите ќе се подобрат и ќе се расчистат сите патни правци“, вели граѓанин.
На истокот од земјата обилните дождови и силниот ветар само за неколку часа создадоа поплави. Екипите се на терен но лошото време создава проблеми во отклонувањето на дефектите. Надојдената вода вчера однесе и еден живот. Браните достигнаа рекорден водостој.
„Природата е таква, ќе помине, се ќе мине. Гледам луѓето се мачат.“
„Како и секогаш кога прв пат ќе падне снег. Но годинава беше незапаметно“, велат граѓаните.
Властите ги повикаа граѓаните доколку немаат итна потреба да не патуваат.