Приведено и четвртото лице што пукаше во Кондово

27.10.2014 16:28

Уапсен е Кенан Незири, брат на Ќани Назири, припадникот на МВР кој  во Кондово пукаше со службеното оружје. Бил уапсен утрината потврди полиција и со него се вршат разговори.

Од Клиничкиот центар информираа дека хоспитализираните лица се во стабилна здравствена состојба. Двајца се префрлени на одделението за трауматологија, додека еден е на пластична хирургија.

Инцидентот се случи во петокот при расправија во кафе бар во Кондово. ДУИ негираше дека станува збор за внатрепартиска пресметка. Неофицијално двајца биле приврзаници на Рафиз Алити а двајца на екс министерот за правда Блерим Беџети.