Нов апел од Брисел до СДСМ: Бојкотот штети на меѓународниот имиџ на Македонија!

27.10.2014 16:33

Портпаролот на комесарот Филе го повтори ставот на Комисијата со акцент на тоа што ваквата постапка на СДСМ сериозно му наштетува на меѓународниот имиџ на земјата...

Еврпската Комисија го губи трпението во однос на нерационалното бојкотирање на Парламентот од страна на најголемата опозициона партија. Портпаролот на комесарот Филе го повтори ставот на Комисијата со акцент на тоа што ваквата постапка на СДСМ сериозно му наштетува на меѓународниот имиџ на земјата.

Мораме да видиме дека Собранието е главниот форум за политичките разговори и подготвка на легислативата. Затоа велиме дека не е добро, било која политичка партија да го избегнува Собранието. Многу е важно за зрелоста на државата каде се водат политичките дебати, во Собранието или на улица, или пак на некое друго место. Во модерните демократски европски држави, дебатите се водат во Собранието“, вели портпаролот Петар Стано.

Во контескт на тоа Стано ги посочи и најаваените уставни промени. Тој потенцираше дека неопходно е консензус со останатите полтичките субјекти, и изјви дека Европската Комисија препорачува да не се брза и им стои на располагање на македонските власти за понатамошни консултации во делот на усоглсување со европскотот законадвство.

Оваа недела истекува мандатот на еврокомесарот Филе, во кој Република Македонија ги доби 6-те последователни препораки за отпочнување на преговорите со Унијата. Од 1-ви ноември со овој Комесаријат ке раководи австриецот Јоханес Хан.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ