Голем интерес за саемот „Купи куќа, купи стан“
Досега 330 семејства го искористија проектот „Купи куќа, купи стан“. Проектот беше промовиран во 2012 година и за него беше обезбеден буџет од 2,5 милиони евра. На граѓаните им се нудат два модела половина рата и половина учество, заштедата е до 14,000 евра...

Дневно и по 20000 граѓани се информираат на саемот „Купи куќа купи стан“. Велат на лице место ги добиваат потребните информации за тоа како може да аплицираат и кои услови треба да ги исполнат за да дојдат до свој дом. Во проектот поволности гледаат и повеќе члените семејства но и оние кои живеат сами. Граѓаните велат дека оваа шанса изгледа примамливо и државната помош е од корист.
„Заинтересиран сум за стан.“
„Изгледа примамливо.“
„Заинтересиран сум за стан од околу пеесетина квадрати.“
„Прво да ги видиме условите па ќе се одлучиме“, велат анкетираните граѓани.
Локацијата и цената се пресудни велат од градежните компании. Лисиче, Аеродром и Ѓорче Петров се најатрактивни. Се бараат станови до 60 квадрати.
„Прашуваат како да направиме математика, колку би била ратата“, вели Александар Дубалиќ од градежна компанија.
„Ние нудиме станови, па така за становите кои се изградени во Ново Лисиче имаше голема заинтересираност“, вели Маја Апостолова од градежна компанија.
Се повеќе граѓаните се заинтересирани за проектот „Купи куќа, купи стан“. Банкарите велата дека процентот на класичните станбени кредити се намалува.
„Во овој момент со средствата што ги дава државата граѓаните повеќе се заинтересирани за тој модел до „Купи куќа, купи стан“, дека сепак се работи за добра сума на средства за купување на стан 6250“, вели Виктор Арсов од банка.
Досега 330 семејства го искористија проектот „Купи куќа, купи стан“. Проектот беше промовиран во 2012 година и за него беше обезбеден буџет од 2,5 милиони евра. На граѓаните им се нудат два модела половина рата и половина учество, заштедата е до 14,000 евра.
Дијана Ценевска
