Глоба од 3 милиони евра за трговци со електрична енергија
Пет трговци со електрична енергија заработија казна од 3 милиони евра за незаконско договарање на цените.
Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата утврди забрането услогласено однесување на трговци со електрична енергија и изрече глоба од вкупно 3 милиони евра.
Казнети се фирмите ЕФТ Македонија, Езпада, Руднап, Ген-И дооел Скопје и Ген-И трговија од Кршко, Словенија.

При јавните набавки за купување струја на ЕЛЕМ тие недозволено ја фиксирале цената и ги делеле количествата, со што ја нарушиле конкуренцијата. Фирмите го направиле истиот прекршок во 11 случаи, освен Гени-тргување од Кршко кое учествувало во 4 вакви незаконски трансакции. Комисијата им изрече вкупна глоба од 3 милиони евра.