Почнаа преговорите за коалициска влада на партиите на Порошенко и Јацењук
Двете партии што освоија најголем број гласови на украинските избори, блокот на претседателот Порошенко и Народен фронт на премиерот Јацењук ги почнаа преговорите за коалициска влада.
„Мојот тим веќе подготви проект за договор. Не се работи за функции, туку за принципи и идеи, за реформи и конкретни закони, за промени за доброто на сите“, рече Петро Порошенко, претседател на Украина.
Аналитичарите прогнозираат дека премиер ќе остане Јацењук. Шефот на руската дипломатија Лавров изјави дека Москва ќе ги признае украинските избори.