Владата ќе го субвенционира отворањето на специјализирани продавници за вино

27.10.2014 19:37

Нови мерки за стимулација на пијалакот на боговите кој во Македонија од година на година е со се повисок квалитет. Се бараат заинтересирани за отворање специјализирани продавници за вино...

Освен на полиците во маркетите, граѓаните, но и туристите ќе купуваат македонско вино од специјализирани продавници. Владата преку оглас бара заинтересирани кои сакаат да отворат ваков бизнис. Планирано е да се отворат10 продавници во 9 градови низ земјава, а да бидат лоцирани во централното подрачје. Државата ќе обезбеди финансиска подршка на они кои ќе се одлучат на ваков чекор. Според Владата на овој начин ќе се отворат нови работни места.

„Владата ќе покрие 50 проценти од трошоците кои ќе ги напарават компаниите за опремување на просторот коишто понатаму ќе биде специјализирана продавница за вино, но не повеќе од 1 милион и 500 илјади денари по единица продавница. Владата ќе покрие и 50 проценти од трошоците за закуп на просторо“, изјави Александар Ѓорѓиев, портпарол на Владата.

Ова е добра можност за промоција на домашните вина, велат сопственици на винарски визби.

Размислуваат да го искористат бенефитот на Владата..

„Ова претставува голем чекор на Владата за отворање на вакви специјализирани продавници, како за нас винариите така и за туристите коишто се повеќе ја посетуваа Македонија во поголем број. Тоа е голема поддршка, и нас, кога ја формиравме винаријата, владата не поддржа во 2007-2008 година“, вели Филип Карталов, сопственик на винарска визба.

Продавницата треба да биде сместена во објект од 30-100 метри квадратни, а изгледот ќе го дефинира министерството за земјоделство.

Владиниот оглас е објавен на веб страната на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и ќе трае до 30 ноември. Може да аплицираат сите кои се заинтересирани да отворат ваков вид на продавници.

Викторија Тодоровска