Kомпјутерите неопходни и во земјоделството
28.10.2014 09:54
Макдонските фармери ќе ги користат за поголема продуктивноста на фармите и на стопанствата...

Првите сто фарми во Македонија кои ќе добијат бесплатни компјутерски програми за следење на производството ќе треба да ја докажат нивната ефикасност за повисоки приноси и подобар квалитет.
Со информатичката технологија земјоделците треба да имаат увид во профитот, во управувањето со фармата, добрите земјоделски практики и евиденција на агротехничките мерки.
Според експертите информатиката е да го унапреди земјоделството. Да се намалат бирократските трошоци, административните процедури и да се подобри квалитетот и количеството на храната. Исто така ќе се намали загадувањето и потрошувачката на нафтата.
Методија Трајков
