Судскиот совет избира наследници на приведените судии
28.10.2014 10:06
Изборот го спроведува поради притворањето на 25-мина судии и стручни соработници од Судот за прекршоци во Скопје кои преку застарување на над 8 илјади предмети го оштетиле буџетот за 1,3 милиони евра...

Се избираат нови судии во скопскиот Кривичен суд, во одделението за прекршоци.
Надлежниот Судски совет изборот го спроведува поради притворањето на 25-мина судии и стручни соработници од Судот за прекршоци во Скопје кои преку застарување на над 8 илјади предмети го оштетиле буџетот за 1,3 милиони евра во периодот од 2010-та до 2014-та година.
Поради акцијата „Јустиција“, судот привремено функционира со 4-ца судии кои треба да решат илјадници предмети.
