„Вашингтон пост“: Еболата е биолошко оружје создадено од Советскиот сојуз

28.10.2014 10:13

„Вашингтон пост“ објави дека еболата е биолошко оружје создадено во тајните советски лаборатории. Со овој вирус биле правени обиди за промена на човечкиот генетски код. 5 годишно момче во Њујорк под сомнение дека е инфицирано со вирусот...

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун ги откажа посетите на земјите од Западна Африка се додека не дојде „соодветно време“. Првиот човек на  меѓународната организација претходно им се спротивстави на одлуките за превенција од смртоносниот вирус, односно изолација на населението кое се враќа од најпогодените региони. Во неделата во Западна Африка пристигна претставникот на САД во ОН.

„Многу е важно здравствените работници  кои доаѓаат во реони зафатени од смртоносната  ебола да се вратат здрави кај своите семејства“, вели амбасадорот на САД во ОН, Саманта Пауер.

САД  донесоа одлука,  за тринеделна изолација на војниците кои се враќаат од мисијата во Западна Африка во база во Италија. Првите 12 војници, вклучувајќи го и шефот на американската мисија во Либерија, веќе се наоѓаат во карантин во Вичеца и покрај тоа што немаат никакви симптоми на заразата. Медицинската сестра од Њу Џерси која била исто така мисионерка, се закани со тужба поради карантинот и покрај негативните тестови. Најнов случај на сомнение за вирусот  се јави кај петгодишно момче кое  со температура е сместено во болница во Њујорк.

„Детето на почетокот немаше никакви симптоми. Не охрабрува тоа што мајката се уште не покажува никакви знаци на заразата“, изјави Бил де Бласио, градоначалник на Њујорк.

Австралија го запре издавањето хуманитарни и имиграциони визи за жителиите од земјите на Западна Африка. Владата на Јапонија направи штаб за борба против ширење на заразата. Од вирусот за кој многумина сметаат дека е вештачки создаден загинаа  речиси 5.000 луѓе, а инфицирани се повеќе од 10.000.

 

Маријана Димовска