Кому „Златната топка“ за 2014?
ФИФА ја објави листата на фудбалерите-кандидадти за престижното признание, Најдобар фудбалер на светот за 2014 година. Кого од 23-та фудбалски великани на денешницата, ќе го помилува сјајот на „Златната топка“? Европскиот фудбал е суверен со дури 17 имиња, петмина се од Јужна Америка и еден од Африка. Реал Мадрид и Баерн Минхен се најдоминантните клупски средини со по шестмина фудбалери.

ФИФА ја објави листата на фудбалерите-кандидадти за престижното признание, Најдобар фудбалер на светот за 2014 година. Кого од 23-та фудбалски великани на денешницата, ќе го помилува сјајот на „Златната топка“? Европскиот фудбал е суверен со дури 17 имиња, петмина се од Јужна Америка и еден од Африка. Реал Мадрид и Баерн Минхен се најдоминантните клупски средини со по шестмина фудбалери. Во определбата на ФИФА неодминливи се двајцата најтрофејни играчи, Лионел Меси, кој четири пати досега е прогласуван за најдобар меѓу најдобрите и Кристијано Роналдо, минатогодишниот лауреат.
Дел од почестите ќе бидат посветени и на тренерските остварувања. ФИФА издвои десетмина од плеадата фудбалски диригенти. Јоаким Лев, Алехандро Сабеља, Карло Анчелоти, Диего Симеоне...! ФИФА во соработка со весникот „Франс фудбал“ кој до 2009 година самостојно го организираше изборот, ќе го разгледува штотуку направениот попис, а на 1- ви декември листата ќе биде редуцирана на по тројца кандидадти. Прогласувањето ќе се одржи на 15 јануари 2015 година на свеченоста во Цирих.
Списокот на фудбалери:
Герет Бејл-Велс, Реал Мадрид
Карим Бензема-Франција,Реал Мадрид
Диего Коста –Шпанија,Атлетико(М)/Челзи
Тибо Куртоа-Белгија,Атлетико(М)/Челзи
Ангел Ди Марија-Аргентина,Реал Мадрид/М.Јунајтед
Марио Геце-Германија,Баерн Минхен
Еден Азар-Белгија,Челзи
Златан Ибрахимовиќ-Шведска,ПСЖ
Андрес Иниеста-Шпанија,Барселона
Тони Крос-Германија,Баерн Минхен/Реал Мадрид
Филип Лам-Германија,Баерн Минхен
Хавиер Масчерано-Аргентина,Барселона
Лионел Меси-Аргентина,Барселона
Томас Милер-Германија,Баерн Минхен
Мануел Ноер-Германија,Баерн Минхен
Неимар-Бразил,Барселона
Пол Погба-Франција,Јувентус
Серхио Рамос-Шпанија,Реал Мадрид
Арјен Робен-Холандија,Баерн Минхен
Џејмс Родригез-Колумбија,Монако/Реал Мадрид
Кристијано Роналдо-Португалија,Реал Мадрид
Бастијан Швајнштајгер-Германија,Баерн Минхен
Јаја Туре-Бр.на слоновата коска,Манчестер Сити
Листа на тренери:
Карло Анчелоти-Реал Мадрид
Антонио Конте-Јувентус/Италија
Пеп Гвардиола-Баерн Минхен
Јирген Клинсман-САД
Јоаким Лев-Германија
Жозе Мурињо-Челзи
Мануел Пељегрини-Манчестер Сити
Алехандро Сабеља-Аргентина
Диего Симеоне-Атлетико(М)
Луј Ван Гал-Холандија,Манчестер Јунајтед
