Хрватскиот бранител кој се самозапали- надвор од животна опасност, но со сериозни последици
28.10.2014 11:52
Човекот веднаш е пренесен во болница, а лекарите велат дека поради големиот степен на изгорениците состојбата му е сериозна...

Ветеран на хрватската војска синоќа се самозапали за време на протестот во центарот на Загреб. Според последните информации, бранителот не е во животна опасност, но му претстои долготрајно лекување.
Човекот веднаш е пренесен во болница, а лекарите велат дека поради големиот степен на изгорениците состојбата му е сериозна.
Се уште не се познати причините за инцидентот при протестот на ветераните кои бараат оставка на хрватскиот министер за одбрана.
Според информации од дел од хрватските медиуми, станува збор за лице кое не учествувало на протестите, туку дошло подоцна, се полило со бензин и се самозапалило.
