Фудбал – Бразилско првенство

Нов рекорд на Сени!

28.10.2014 11:54

Најдобриот голгетер меѓу голманите, Бразилецот Рожерио Сени собори уште еден рекорд. Бранејќи го голот на Са Паоло, Сени ја оствари 590-та победа во кариерата за еден клуб. Тоа е за триумф повеќе од постигнувањето на Рајан Гигс за неговите 24 години во Манчестер Јунајтед.

41-годишниот Сени најави пензионирање во декември по завршувањето на бразилскиот шампионат. Сао Паоло го совлада Гојас со 3:0 и на осум кола до крајот има пет бода помалку од актуелниот првак и лидер Крузеиро.

Роџерио Сени влезе во „Гинисовата книга на рекорди“ како најефикасен голман во историјата на фудбалот. Досега Сени постигна 123 погодоци со коишто е на 11-то место на вечната листа на најдобри голгетери на Сао Паоло.