Седум судии на местото на приведените во акцијата „Јустиција“
Делегирани се седум судии и тоа трoјца судии од Основен суд Тетово, тројца судии од Основен суд Куманово и еден судија од Основниот суд Неготино, соопштуваат од Судскиот совет...

Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница делегира седум судии за скопскиот Кривичен суд, во Одделението за прекршоци, по барање на претседателот на Основен суд Скопје 1, Владимир Панчевски. Тие треба да заменат дел од судиите кои беа приведени во неодамнешната акција „Јустиција“, по што беа разрешени од должноста.
Делегирани се седум судии и тоа трoјца судии од Основен суд Тетово, тројца судии од Основен суд Куманово и еден судија од Основниот суд Неготино, соопштуваат од Судскиот совет.
Делегираните судии ќе започнат со работа од 1-ви ноември 2014 година. Доколку има потреба во овој Оддел ќе бидат делегирани уште двајца судии, почнувајќи со работа од 1-ви јануари 2015 година.
Делегирањето на судиите се случува по притворањето на 25-мина судии и стручни соработници од Судот за прекршоци во Скопје кои преку застарување на над 8 илјади предмети го оштетиле буџетот за 1,3 милиони евра во периодот од 2010-та до 2014-та година.
Поради акцијата „Јустиција“, судот привремено функционира со 4-ца судии кои треба да решат илјадници предмети.
