Без дерби во четвртфиналето
Најголемите фаворити за пехарот, Вардар и Работнички, се избегнаа на денешната ждрепка за четвртфиналето на македонскиот фудбалски Куп. На одредувањето на двојките тие добија противници по мера, коишто барем на хартија им го олеснуваат патот кон завршницата.

На 18 ноември лидерот на табелата во годинашното првенство Вардар ќе и биде домаќин, а потоа на 6 декември ќе и гостува на Ренова. Со второлигашот Еуромилк, актуелниот шампион и бранител на трофејот во Купот Работнички прво ќе игра на противнички, а потоа и на свој терен. Ривали од понизок ранг добија и Тетекс и Турново. Традиционално добрите резултати во Купот тетовци ќе можат да ги продолжат против Кожув, додека четвртфинална пречка за турновци ќе биде Дрита.
Куп на Македонија, двојки за 1/4-финале
Вардар-Ренова
Еуромилк-Работнички
Кожув-Тетекс
Турново-Дрита