Турција донираше на АРМ воена опрема вредна 2 милиони долари
Турција континуирано вложува во модернизација на македонската армија. Уште од осамостојувањето на државава, Турција подаде рака во областа на одбраната, и отвореноста меѓу двете земји може да послужи како пример за соработка во регионот, истакна министерот за одбрана, Јолевски...

Два милиони долари изнесува последната турска донација за Mакедонската армија. Воено-маскирна униформа, чизми..., според современите НАТО стандарди, е дел од опремата која и е донирана на македонската одбрана.
„Јас сум целосно уверен во тоа дека со предавањето на оваа опрема, Македонската армија која под чадорот на Обединетите нации успешно учествува во меѓународни мисии и мировни операции, ќе зајакне уште повеќе и дека за кратко време ќе направи уште поголем исчекор кон членството во НАТО кое одамна го заслужува“, изјави Омур Шолендил, амбасадор на Турција во РМ.
Турција континуирано вложува во модернизација на македонската армија. Уште од осамостојувањето на државава, Турција подаде рака во областа на одбраната, и отвореноста меѓу двете земји може да послужи како пример за соработка во регионот, истакна министерот за одбрана, Јолевски.
„Покрај донацијата во опрема и модернизација, почнувајќи од 1996 година повеќе од 700 припадници на АРМ и Министерството за одбрана имаа привилегија да се школуваат и обучуваат во престижните воени центри во Република Турција и да стекнат вештини и знаења од највисок степен“, нагласи министерот Зоран Јолевски.
Новата опрема ќе биде распоредена во единиците на АРМ според потребите.
Одбраната е еден одприоритетите во билатералните односи меѓу двете земји.
Лука Андреев
