Милионитиот патник на „Александар Велики“ е Јана Ивановска

28.10.2014 12:40

Таа долета од Ајндховен со нискобуџетната авиокомпанија Виз Ер...

Јана Ивановска е милионитиот патник на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје. Таа долета од Ајндховен со нискобуџетната авиокомпанија Виз Ер.

Ивановска работи во овој холандски град. „Александар Велики“ две години по ред е прогласуван за најдобар аеродром во Европа во категоријата до два милиона патници.

Ова е изненадување и не очекував вакво нешто, изјави Ивановска, по пречекот на Скопскиот аеродром на кој присуствуваа раководството на концесионерот ТАВ Македонија и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Ивановска ќе добие викенд-патување за двајца во Истанбул и парична награда.