Пешевски: Измените на Законот за ТИРЗ во интерес на инвеститорите

28.10.2014 13:52

Со измените, сопственик на целата зона ќе може да биде и трговец поединец...

Доколку се усвојат во Собранието, измените на Законот за технолошко индустриски развојни зони предвидуваат нивна трансформација во индустриски зони. Сопственик на целата зона ќе може да биде и трговец поединец.

Измените на Законот за технолошко-индустриски развојни зони се прават за да се зголеми интересот и да им се излезе во пресрет на инвеститорите, изјави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

„Има инвеститори кои сакаат да управуваат со зоните, да земат една или друга зона или да формираат зона на локација која не постои. Честопати за да обезбедат и финансирање, потребно е да им покажат на своите инвеститори и банки дека поседуваат сопственост врз земјата. Од тие причини го правиме тоа“, појасни Пешевски.

Најави дека ќе има одредени критериуми за оние што ќе бидат заинтересирани, но тие се уште се дефинираат.