Македонија на 70-место на светската ранг листа за еднаквост на половите

28.10.2014 14:01

На првото место од 142 рангирани земји се наоѓа Исланд со резултат од 0.8594, а на последното 42-ро Јемен со 0.5145 поени...

Република Македонија се најде на 70-то место на годишното рангирање за еднаквост на половите во светот, изработено од Светскиот економски форум објавено денес.

На првото место од 142 рангирани земји се наоѓа Исланд со резултат од 0.8594, а на последното 42-ро Јемен со 0.5145 поени.

Македонија е на 70 местот е со вкупно 0.6943 поени, веднаш зад Италија (69) и пред Бразил (71). Инашите соседи, Албанија е на 83, Бугарија на 22, Грција на 91, Србија на  54 место. Хрватска е на 55, Романија на 72, Словенија на 23 и Црна Гора на 74. Македонија во 2013 година беше на 57 место од 136 земји со вкупно 0,701 поени. Но глобално земено варијациите во Македонија се стабилни од 2006 до 2014 и таа се наоѓа подобро од светскиот просек. 

Глобално на светско ниво, ако ситуацијата се подобри во областана образованието и здравството, потребни се напори за намалување на разликите меѓу мажите и жените во политичкиот живот, како и во економските перспективи.

На последното место Јемен се наоѓа веќе девет години со ред, пред Пакистан, Чад, Сирија и Мали. Во оваа земја, се забележува дека нема ниту една жена во парламентот и дека постои голема разлика  (најголема во светот) меѓу неписменоста и школувањето на машките и женските деца.

Нордиските земји остануваат нај рамноправни општетства во областа на еднаквоста меѓу половите, на прво место исланд, следен од Финска, Норвешка и Шведска. Данска паѓа од осмото на педесеттото место, додека Франција се искачува од 45 на 16 место.

Саадиа Захиди, директорка на во Светскиот економски форум и главен автор на студијата, објаснува дека во најголем дел, напредокот во еднаквоста на половите во текот на последната деценија се должи на зголемувањето на бројот на жените кои учествуваат во политичкиот живот и на пазарот на трудот.

„Во јавниот живот, сега 26% од парламентарците се жени и 50% се министри повеќе во споредба со од пред девет години“ – се вели во соопштението за печатот.

Извештајот покажува дека зголемувањето на пропорцијата на жените на пазарот на трудот придонесува за продуктивноста.

Понатамашното намалување на разликите во оваа област би можеле да имаат уште поголеми позитивни последици за економиите на развиените земји, се вели во извештајот. Тоа според проценките би можело да го зголеми за 9% внатрешниот бруто производ на САД о за 13% на евро зоната.

Додека најголемиот број од земјите ги намалуваат разликите во областа на здравството о образованието, тенденцијата е спротивна во Бахреин, Колумбија и Јапонија.

Според студијата, перспективите за еднаковста на жените се влошиле во Шри Ланка, Хрватска, Македонија, Јордан и Тунис.

Во извештајот како показатели се земени разликите меѓу половите во платите, учеството во пазарот на трудот, високо квалификуваните работни места, пристапот во образованието, застапеноста на одговорни места, долговечноста и застапеноста на жените и мажите во вкупното население на земјата.

Тони Гламчевски