Просечната нето плата во август 21.217 денари

28.10.2014 14:09

Зголемување од 0,3 проценти има и кај бруто платата која изнесувала 31.080 денари...

Просечната исплатена нето плата во август изнесувала 21.217 денари, што е зголемување од 0,5 проценти во споредба со истиот период 2013 година, изјави Државниот завод за статистика.

Зголемување има во секторите Стручни, научни и технички дејности за 8,9 проценти, Градежништво за пет проценти и Уметност, забава и рекреација за 4,8 проценти.

Зголемување од 0,3 проценти има и кај бруто платата која изнесувала 31.080 денари.

Според статистичките податоци, зголемувањето се должи пред се на покачувањето на платата во секторите Стручни, научни и технички дејности за 7 проценти, Градежништво за 4,6 проценти и Уметност, забава и рекреација за 4,2 проценти.

Плата не примиле 1,4 проценти од вработените во Македонија.