Победа и ништо друго
Со мислите на јануарското светско во Катар, но и со желба за продолжување на континуитетот настапи на големите манифестации, нашите најдобри ракометари утре го почнуваат циклусот квалификации за европското првенство во Полска во 2016-тата. Во група со фаворитот Франција, со Чешка и со утрешниот противник Швајцарија целта е едно од првите 2 места што водат во завршницата на еврошампионатот.

Со мислите на јануарското светско во Катар, но и со желба за продолжување на континуитетот настапи на големите манифестации, нашите најдобри ракометари утре го почнуваат циклусот квалификации за европското првенство во Полска во 2016-тата. Во група со фаворитот Франција, со Чешка и со утрешниот противник Швајцарија целта е едно од првите 2 места што водат во завршницата на еврошампионатот. Македонија влегува како фаворит во мечот со швајцарците, иако бројките велат дека досега двете селекции меѓу себе се сретнале 5 пати, реми одиграле само на пријателскиот дуел во 2009-тата, Македонија има две победи од минатиот циклус квалификации, но и 2 пораза во евроквалификациите во 2004-тата:
„Имаме само 2 тренинга пред важниот старт во квалификациите, немаме доволно време, но важно е да почнеме со победа, а потоа во следните три дена да се подготвиме за Чешка. Швајцарија има нов селектор, неколку нови играчи, имаме доволно информации за тоа што ни е потребно за да победиме. Ни кај нас не е се најдобро, но важно е што играчите се здрави, иако дел од нив не се во оптималната форма“, вели селекторот Ивица Обрван кој речиси и да нема време за тренинг во комплетен состав.
Нашите ракометари ја прифаќаат фаворитската улога, желни за нови победи. Според Наумче Мојсоски Франција е убедлив фаворит во групата, Швајцарија иако без неколку искусни репрезентативци сепак е состав што не смее да се потцени, но тој и неговите соиграчи се подготвени да стартуваат со две победи.
Натпреварот Македонија –Швајцарија ќе биде одигран утре во Спортскиот центар Борис Трајковски каде што сите што ќе сакаат да ги бодрат нашите ракометари ќе можат да набават влезници на благајните, а за сите други македонската телевизија обезбеди пренос од 17 часот и 45 минути на првиот програмски сервис.
