Рударска несреќа во Турција, заробени 23 рудари
28.10.2014 15:18
Трагедијата се случила во областа Караман, близу до градот Ерменек...

Одново рударска несреќа во Турција. Уривањето на рудник зароби 23-ца рудари, 20-тина биле итно евакуирани.
Првичните оценки за причините се несоодветните услови за работа.
Трагедијата се случила во областа Караман, близу до градот Ерменек. Се претпоставува дека поплавувањето во рударското окно е исто така една од причините.
Во мај годинава во рударска несреќа загинаа над 300 рудари во Турција.
