Битола

Завршни подготовки за почеток на производство - Турската „Окси Груп“ ги монтира машините

28.10.2014 16:29

Се бројат деновите кога турската „Окси Груп“ ќе ги произведе првите лепенки за гуми. Производниот процес ке го започнат 70- десетина нововработени а во финалната фаза егзистенција треба да обезбедат 400 луѓе...

Машините за произвотство на лепенки за гуми на турската компанија „Окси Груп“ веќе се инсталирани во битолскиот погон. Инвеститорот вели дека се прават последните подготовки, и дека на прсти можат да се избројат деновите кога ке започне производниот процес на почетната инвестиција од окулу два милиони евра. Во првата фаза ќе бидат вклучени 70-десетина работници главно од понежниот пол. Листата ја предводи Александра Рендевска која како главен технолог ке го има и најголемиот прдизвик да се одговори на технолишкиот процес.

„Со исклучително залагање успеав да ја поминам обуката. Чест ми е што сум првовработена. Убедена сум дека ќе одговорам на задачите на овој навистина голем предизвик. Но со самата работа знам дека ќе се надоградувам“, вели технологот Александра Рендевска.

Со вакво производство во светот се занимаваат уште три компании. За скоро на мапата ке биде забележан и начиот капацитет.

Ниту највидовитите битолчани не можеа да претпостават дека некогашната пилана, денес ќе биде странски инвестициски погон во кој ќе се произведуваат лепенки за сите видови на гуми.

Меѓу повеќето типови на лепенки што ќе се произведуваат, бренд на компанијата ќе биде лепенката за гуми со голем габарит. Преку испоставата во Лондон ќе се пласираат во дваесетина земји во светот.

 „Неблагодарно е да најавувам отсега, но она што можам со сигурност да го изјавам е тоа дека на почетокот ќе произведуваме над 10 милини лепенки на месечно ниво и ќе имаме месечен извоз од 300 илјади евра. Параметри кои понатаму ќе одат во нагорна линија“, вели сопственикот Харун Берзак.

 Турскиот инвеститор рече дека тука до година очекува да се произведува и качукот како главна сировина што ќе отвори можност бројот на нововработени достигне 100 лица и дека доколку се оди по планот ќе следи и прочирување на производниот процес кој во финалната фаза ќе отвори уште 300 нови работни места.

Стевче Митревски