Сто години од Првата светска војна
Хемиско оружје е искористено за прв пат, изведени се првите масовни бомбардирања на цивили од небо, и некои од првите големи масакри на цивили се случуваат во тие 4 години. Загинуваат над 9 милиони луѓе и уште приближно толку од изгалднетост, геноцид и битка на земја. Над 23 милиони биле повредени...

Војна на нациите, Големата војна или Првата светска војна. Ниеден претходен конфликт нема мобилизирано толкав број војници ниту пак вклучил толку многу луѓе на бојното поле. Беше втор најкрвав настан во светската историја до тогаш.
Хемиско оружје е искористено за прв пат, изведени се првите масовни бомбардирања на цивили од небо, и некои од првите големи масакри на цивили се случуваат во тие 4 години. Загинуваат над 9 милиони луѓе и уште приближно толку од изгалднетост, геноцид и битка на земја. Над 23 милиони биле повредени.
Се почна со атентатот над австроунгарскиот надвојвода Франц Фердинант во Сараево. Првата светска војна претставува одлучувачко раскрстување со стариот светски поредок, обележувајќи ја пропаста на апсолутистичката монархија во Европа. Централните сили, кои ги сочинуваа Австро-Унгарија, а пред се Германија, тежнееле кон нова поделба на светот поради колониите со што биле во непријателство со „старите“ колонијални сили, како што се велика Британија и Франција.
Војната ќе се покаже како катализатор за Руската револуција која понатаму ќе инспирира револуции во други земји и ќе ја постави основата за студената војна меѓу СССР и САД.
Врзано за Македонија, непосредно пред започнувањето на Првата светска војна била поделена меѓу Србија, Бугарија и Грција. Кога почнал виорот трите држави мобилизирале македонци во своите војски. Според историските податоци во Првата светска војна загинале 128.000 од нив.
Миле Ристески
