Страшни слики од Турција - Рудари заглавени 350 метри под земја
На југот на Турција се повторуваат страшните слики од рударската несреќа во Сома во која загина 301 рудар. Овојпат во провинцијата Караман, окно попушти под притисокот на акумулираната вода која проби во галерија со над 45 работници. 25 успеаја да се извлечат до дневната светлина, другите останаа 350 метри под земјата.

Можеби е предоцна за 18 од нив кои се наоѓаат во поплавената галерија. Спасувачите се тркаат со времето - веднаш се вклучени пумпите за вода, пред окното чекаат подготвени амбулантни возила, но за жал, можеби ќе се извлечат само мртви тела – водата надошла многу брзо и рударите веројатно се удавиле. Единствена шанса се маските со кислород што може да им потрајат два часа и две места низ коишто можат да излезат.
Политиката веднаш се активираше околу рудникот во Караман. Од Анкара доаѓа министерот за енергетика и транспорт, а свој претставник прати и опозициската Народна републиканска партија. До сега најкатастрофалната несреќа во турски рудник, таа во Сома, предизвика бран насилни протести против тогашниот премиер, а сега претседател Реџеп Таип Ердоган. Според турскиот рударски синдикат, од 2000-та до 2009 година се случиле околу 25 и пол илјади рударски несреќи со исто толку повредени и 63 смртни случаи. Државната агенција која управува со нив одби да ја испита безбедноста по несреќата во Сома на крајот на април.