Познати причините за смртта на британскиот бизнисмен Колин Џефри

28.10.2014 16:51

Позната е причината поради која почина британскиот бизнисмен Колин Џефри, кој како сомнителен случај на ебола направи паника во земјава. Причината за смртта нема да биде јавно соопштена.

Готови се резултатите од микропските анализи на Институтот за патологија, потврдија од министерството за здравство. Семејството на Колин не сака во јавноста да знае од што тој починал, но едно е сигурно немал заразно заболување. Дека Џефри немал ебола потврди резултатот од лабораторија во Хамбург.

Тој како сомнителен случај се водеше бидејќи имал внатрешно крварење и почина 30 минути по хоспитализацијата на Инфективната клиника. Во хотелот „Супер 8“ каде што престојуваше Британецот, гостите беа во карантин два дена до добивање на резултатот, поради превенција луѓе во карантин имаше и на Инфективната клиника. За случајот со Џефри се интересираа и светските  медиуми.