Груевски меѓу светската елита на церемонија по повод 100 годишнината од Првата светска војна
Одбележувањето на настанот е во организација на Белгиското кралско семејство, Кралот Филип и Кралицата Матилда, како и премиерот на Белгија, Шарл Мишел...

Премиерот Груевски, заедно со светската и европската политичка елита денеска во Белгија присуствува на комеморативната церемонија по повод 100 годишнината од Првата светска војна.
Одбележувањето на настанот е во организација на Белгиското кралско семејство, Кралот Филип и Кралицата Матилда, како и премиерот на Белгија, Шарл Мишел.
Настанот под големо полициско обезбедување се одржува во градовите Њупорт и Ипар.
На комеморативната церемонија присуствуваат високи државници од 83 земји, меѓу кои и германската канцеларка Ангела Меркел, како и претставници од повеќе европски кралски семејства, како холандската прицеза Беатрикс, како и војводата од Луксембург, Анри Алберт Гијом.
„На ова историско место и ден ви посакувам топло добредојде во Белгија, кралицата, јас и белгискиот народ ви благодариме што дојдовте да има одадете почит на вашите војници, кој го направија истотот пред сто години“, рече белгискиот крал Филип.
„Сосем соодветно е Брисел да биде седиштето на Европскта унија, тоа е симбол на слободата, на демократските вредности и на почитта за меѓународното право. Жртвите на тие ужасни војни ни се придржуваат во славењето на достигнувањата на цивилизацијата да ја чуваме и браниме, во спротивно им ја одземам честа која им припаѓа“, рече германската канцеларка, Агела Меркел.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
