Милион патници за девет месеци на „Александар Велики“
Јана Ивановска е милионитиот патник што слета на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје. Банкарската службеничка што работи во Амстердам долета од Ајдховен.Мислеше дека е скриена камера интересот за нејзина изјава. До крајот на годинава се очекува да се стигне до бројот и од 10 илјади летови...

Пристигна милионитиот патник на „Александар Велики. Јана Ивановска допатува од Ајнховен, беше меѓу патниците на летот на Виз Ер. Ја дочека вистинско задоволство. Ваучер од 200 евра и викенд патување во Истанбул - награда од менаџментот на ТАВ и Владата.
Мислев дека е скриена камера – беше изненадена Јана.
Милион услужени патници за девет месеци успех на сите чинители во авиособракајот – посочија надлежните. Од концесионирањето во 2010 бројот е зголемен за 66 проценти. До крајот на ноември се очекува и десетилјадитиот лет годинава .
„Она што е наш предизвик е развивање на Охридскиот аеродром, воспоставување на директни линии од Охрид кон европски центри, но и воспоставување на нови линии од Скопје кон други европски центри во текот на 2015 година. Доколку добиеме поволни понуди да имаме и национален авиопревозник“, рече Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.
За девет месеци има пораст на превезени патници на „Александар Велики“ за 21 процент, споредбено со лани, 13,3 насто поголем број на летови, 40 насто потежок карго транспорт.
„Овој милионит патник не е случајност во Македонија, тоа е напорна работа која заедно со владата се спроведе во изминатие четири ипол години, на што се должи и зголемениот промет на патници“, изјави Зоран Крстевски, генерален директор на ТАВ Македонија.
15 авикомопании оперираат кон 36 европски дестинации, најмногу 40 лета неделно има Виз Ер. Истнабул, Виена, Цирих, Лондон, Базел се најпопуларни дестинации.
„Најфрекфентен ден беше четврти август со 5793 патници, а на втори септември имаше најголем број на полетувања и слетувања“, изјави Алпер Ерсој, заменик генерален директор на ТАВ Македонија
Со концесискито договор со 100 илјади евра Турски ТАВ во 2011-тата ги модернизираше аеродромите.
Со владините субвенции и со стратегијата на ТАВ од 2009 година доесга има пораст на патници за 66 проценти, само годинава 21 насто.
Сузана Фиданска Стоевска
