Законски измени

Се подобруваат условите за инвестирање во ТИРЗ

28.10.2014 19:25

И трговци поединци ќе можат да бидат газди на индустриските зони. Со законските измени се изедначува статусот на домашните и на странските компании...

Се подобрува амбиентот за инвестирање во слободните зони. За да го зголеми интересот на инвеститорите и за да излезе во пресрет на нивните барања  Владата  предложи измени на Законот за Технолошко индустриските развојни зони. Освен долгогодишен закуп на 99 години, отсега ќе може земјиштетои да се купува. Некои од нив покажале интерес за формирање  зони на нови локации.

„Имаме инвеститори кои сакаат целата зона да ја управуваат. Често пати за да обезбедат финансирање потребно е да покажат пред своите инвеститори и банки, за делот во кои тие учествуваат, дека поседуваат сопственост врз земјата, бидејќи некогаш треба да се остави заложно право. Од тие причини ја отвараме таа можност“, рече Владимир Пешевски, вицепремиер за економски прашања.

Со измените целосно се изедначува и статусот на домашните и на странските компании и се оди чекор напред. Како основачи можат да се јават физички или правни  лица,домашни  или странски кои ги исполнуваат  бараните услови. Законодавецот предвидел и можност за трансформација на статусот на зоната од слободна во индустриска, доколку нема договор за јавно приватно партнерство .

„Практично се врши хармонизирање на домашната регулатива со светската пракса ,во која нема разлика меѓу домашни и странски ентитети . Македонија се изденачува со земјите како Кина,Азиските тигри ,но истовремено се заштитуваме и од можни малверзации   преку  намалување на цената  на градежното земјиште“, вели д-р Сашо Кожухаров универзитетски професор.

Според измените сопственикот на зоната нема да плаќа надоместок за уредување на градежното земјиште, кое ќе може да се отуѓува според точно дефинирана постапка.

Посебна Комисија ја определува почетната цена, а продажбата се одвива преку јавно наддавање. Може да наддава и само еден субјект доколку ја зголеми почетната цена за најмалку 10 % .С

Свето Николовски