Два проектили синоќа испукани кон зградата на Владата

29.10.2014 09:58

Од Министерството за внатрешни работи на земјава, за Македонската радио телевизија, ја потврдуваат информацијата...

Два проектила синоќа биле испукани кон Владата на Република Македонија. За среќа, нема повредени и не е предизвикана поголема материјална штета. Од Министерството за внатрешни работи на земјава, за Македонската радио телевизија, ја потврдуваат информацијата.

Синоќа, околу 22 часот, на Илинденска број 2 се слушнале две детонации, а по неколку часа на фасадата на Владата биле пронајдени два забиени проектили, едниот на источната страна од зградата, а вториот кон покривот.

Извшрен е увид на лице место, а проектилите се подигнати и предадени на вештачење.