Mакедонија може да има доволно пченка
Македонија може да произведе доволно пченка за добиточна храна. Ова го велат анализите, но во практика тоа ќе чини 17 милиони евра...

Само со нови 7.000 хектари со пченка, со наводнувањето капка по капка и современа агротехника, може да се замени годишниот увоз од 62.000 тони.
Со инвестиција од 17 милиони евра за 7 години добивката според сегашните цени би изнесувала 128 милиони евра.
Проектот на УСАИД кај повеќе од 120 земјоделски производители покажува дека со системите капка по капка и едукација, се добиваат 13 наместо сегашните 4,8 тони по хектар пченка, а производствената цена за килограм е 3 пати помала.
Резултати се добиени од семињата кои фармерите сами ги набавуваат, но со целосно користење на генетскиот потенцијал.
Методија Трајков
