Ракета на НАСА експлодира по полетување
Eксплозијата ја регистрирал авион што ја надлетувал областа...

Ракета на НАСА без екипаж експлодираше непосредно по полетувањето. Поради причини што треба допрва да се утврдат, Антарес експлодирала само неколку секунди по одвојувањето од лансирната рампа. Носела над 2 тона продукти и опрема за астронаутите на Меѓународната вселенска станица.
„Лошо е што изгубивме такво летало и неговиот товар, но не е толку трагично како загуба на човечки живот. За среќа, немаше повредени“, вели Френк Кулбертсон, Заменик претседател за орбитални науки на НАСА.
Лансирањето требало да биде во понеделникот, но било одложено поради брод што пловел во близина, а експлозијата ја регистрирал авион што ја надлетувал областа. Од Бајконур успешно беше лансирана ракета Сојуз без екипаж, на пат кон Меѓународната вселенска станица.
