Поради недисциплина и прекршување на договорот

Пино си замина од ЖРК Вардар!

29.10.2014 12:23

Македонскиот ракометен првак ЖРК Вардар се раздели со една од Французинките во тимот, Алисон Пино. 
 
Македонскиот ракометен првак ЖРК Вардар се раздели со една од Французинките во тимот, Алисон Пино. 
 
Спогодбено се договориле да ги прекинат меѓусебните обврски откако клубот изразил незадоволство што по повредата којашто ја заработи на почетокот на сезонава, без да го извести Вардар, таа организирала план за рехабилитација со француската федерација за да може во декември да настапи на ЕП. Во клубот тоа го оцениле како недисцилина и како прекршување на договорот, по што левиот бек, којашто лани беше една од најистакнатите поединки на патот до завршниот турнир на Лигата на шампионките во Будимпешта, сеге е слободен играч. 
 
Неодамна Алисон Пино го продолжи договорот со Вардар до 2016, но бидејќи замина на операција, не одигра ниту еден натпревар во елитната европска конкуренција. Додека таа ќе може да бара друг клуб, во Скопје остануваат уште две ракометарки од „францускиот контингент“, голманката Амандин Лејно и крилото Сираба Дембеле. 
 
Во уводните два меча од групната фаза во ЛШ, нашиот тим загуби на гости кај  Будуќност, по што дома го победи Турингер. Наскоро ќе се знае дали Индира Кастратовиќ ќе бара нова аквизиција за испразнетата лева бековска позиција.